Кузмановски: Пораснавме како играчи после СП! Верувам во нас и сакам победа пред нашите навивачи против Словенија!

134

Светското првенство во Хрватска, освоеното 15. место и најважно храбрата игра против многу посилни селекции ја зголеми самодовербата во редовите на македонската ракометна репрезентација. Новата генерација виде дека со максимална битка може да се постигне многу повеќе. Ова денеска на собирот го потенцираше капитенот, Филип Кузмановски.

Тој вели треба да гледаат кон иднината, а таа е светла, треба да се одигра храбро и против Словенија, посакува со помош на домашната публика да дојдат до победа против големиот фаворит.

ПретходноЛазаров: Словенија е во Топ 8 во светот! Ние треба да го играме нашиот стил од Светското првенство
СледноПолувреме: Беса со водство на Чаир, Брера има 1:1 на Маџари кај Гостивар!