Лазаров денеска прозива за двомечот со Словенија

128

Македонската ракометна репрезентација повторно е на сцена. Само месец и нешто по завршување на Светското првенство, Кирил Лазаров и неговите момци ја продолжуваат мисија – пласман на Европското првенство.

Противник во квалификациите за континенталното натпреварување кое следната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, е фаворитот во нашата група, селекцијата на Словенија.

Првата средба се игра на 12-ти март во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот, додека реваншот е четири дена подоцна во Копер (18:30 часот).

Македонија претходно одигра два меча, има победа над Естонија и пораз од Литванија, и се наоѓа на второто место во групата со два бода, исто колки и Литванија.

Лазаров пред собирот направи измена, во составот се враќа Цветан Кузманоски на местото на Павле Атанасијевиќ, кој е повреден.

Собирот е закажан во 13:30 часот во хотелот „Александар Палас“.

ПретходноПМФЛ: „Езерско дерби“ во Струга, Пелистер му гостува на лидерот под Шара!
СледноЃоковиќ после елиминацијата се пожали на теренот: Разликата е голема!