Тимот на Наполи ја одработи задачата денеска. Оствари домашна победа против тимот на Фиорентина од конечни 2:1 и на тој начин го задржа чекорот со првопласираниот Интер.
Творци на оваа победа за екипата на Наполи беа Лукаку и Распадори кои погодија во 26. односно 60.минута од мечот. Гундмундсон со голот во 68. минута ги направи нештата колку толку неизвесни до крајот на мечот, но сепак, гостите немаа сила за да дојдат барем до реми.
По 28 одиграни мечеви Наполи е само на бод од лидерот Интер, додека Фиорентина е седма со 45 бода.