Пресврт: Реал нема да му го продолжи договорот на Модриќ?!

975

И покрај сите најави од страна на Реал Мадрид, и покрај големата желба на Лука Модриќ да остане меѓу “кралевите“ барем уште една сезона, до јуни 2026, сепак последните вести од Мадрид велат дека Флорентино Перез веќе донел одлука и набргу истата треба да му биде соопштена на Хрватот, а таа е дека Модриќ во јуни ќе мора да си оди од Реал.

И самиот свесен дека ќе мора да прави оста промени во тимот, барем како што велат инсајдерите и новинарите кои се блиски до Реал, Перез има намера и тоа како да го засили средниот ред.

Лука е капитен, тој е веќе икона на Реал Мадрид, ама сепак годините си се години. Секако дека ова нема да му се допадне на Хрватот, но секако дека треба да се почека извесно време за да се види дали Дон Флорентино уште еднаш ќе го смени своето мислење за тоа дали Модриќ ќе добие уште една година на „Сантијаго Бернабеу“ или не.

ПретходноСтеф Кари промаши 11 тројки!
СледноТажно утро во базата на Барселона! (ВИДЕО)