Рома минимално на гостувањето кај Емполи

24

Екипата на Рома успеа минимално вечерва да слави на гостувањето кај Емполи со 0:1 во рамките од новото коло во Серија А.

Единствениот гол на овој меч го постигна аргентинецот Суле во првата минута од мечот. Иако домаќинот имаше ама буквално цел меч за да се консолидира, организира и постигне барем еден гол кој што ќе значеше резултатска рехабилитација и освојување на минимум еден бод, тоа не се случи.
Гостите ги освоија трите бода и на тој начин, пролетва уште една покажаа дека кризата во која што сезонава западнаа, барем на почетокот на истата е минато.

Рома сега има вкупно 46 бода и е седма, додека Емполи е на 18. место со 22 бода и е во зоната за испаѓање.

 

ПретходноФеникс не запира, го освои Гостивар за шеста победа во низа!
СледноИвановски и Ѓорческа со победи во Пореч и Секешфехервар