Сензационално: Фановите на Сити бараат да му се даде отказ на Гвардиола!

293

Изгледа дека толку беше љубовта меѓу фановите на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. Речиси цела деценија Пеп за нив беше икона, им донесе толку радости и титули, го донесе на “Итихад“ и пехарот во Лигата на Шампионите, но по се она што се случува сезонава тие се многу гневни и сметаат дека само Пеп е виновен за катастрофата на Сити оваа сезона.

Социјалните мрежи просто “зовреа“ вчера по последниот пораз на Сити и тоа на гостувањето кај Нотингем Форест. Фановите на Сити на клупските социјални мрежи оставаат шокантни коментари. Во голем процент од нив се бара отказ и само отказ за славниот Пеп за кого оваа сезона не само што е ужасна, туку и најлоша во неговата тренерска кариера која започна во таа 2008 година кога стана прв тренер на Барселона.

Сепак се знае дека раководството на Сити нема намера да ги послуша фановите на клубот. Тие веќе го обновија договорот со Пеп и му ја даваат сета поддршка. Со други зборови подготвени се оваа сезона што побргу да ја заборават.

ПретходноЃоковиќ после елиминацијата се пожали на теренот: Разликата е голема!
СледноСтеф Кари промаши 11 тројки!