И дефинитивно на Гостивар не му оди. Денеска на Маџари скапиот тим на Мерт Нобре успеа да дојде само до бод, беше 2:2, против младата и полетна Брера, кој денеска одигра и тоа квалитетно.
Гостиварци поведоа, но затоа гостите направија целосен пресврт за 1:2. И кога се чинеше дека со три бода ќе си заминат дома, сепак Ајдоган успеа во финишот да му донесе бод на својот тим.
Гостивар со овој бод се повеќе се одалечува од битката за титулата, сега е на -5 бода во однос на лидерот, Шкендија.