Стеф Кари промаши 11 тројки!

131
Фото: Голден Стејт/Твитер

Во Сан Франциско, Голден Стејт „тесно“ го совлада Детроит и покрај фијаското во шутот на водечката ѕвезда на домашната екипа, Стеф Кари. Најдобриот тројкаш на сите времиња го заврши мечот со 32 поени, беше најефикасен во двата табора, но до таа бројка стигна со многу слаби проценти на ефикасност.

Кари потфрли таму каде што е најсилен – во шутот за три поени. Погоди само четири тројки од 15 обиди.

За негова среќа и Вориорс, одличен натпревар одигра Џими Батлер кој синоќа имаше помирна рака. Поранешниот лидер на Мајами постигна 26 поени (9/17 од поле).

 

ПретходноСензационално: Фановите на Сити бараат да му се даде отказ на Гвардиола!
СледноПресврт: Реал нема да му го продолжи договорот на Модриќ?!