Тоа е Кајл Вокер. Фудбалската мега – ѕвезда на Милан, репрезентативец на Англијаи довчерашен фудбалер на Манчстер Сити, еден од најдобрите десни бекови во светот во последната деценија во фудбалот.
Имено познато е дека Вокер има бурен љубовен живот, токму и затоа имаше големи проблеми со сопругата Ани Килнер. Познато е дека тој е во долга врска и со својата љубовница Лаура Годмен, има и шест деца.
Сопругата сето тоа му го простила, и сега го посетува во Милано. Но Кајл никако да се смири.
Имено таблоидите во Англија во последните неколку дена објавуваат неверојатни приказни поврзани со Вокер. Тој во неколку наврати е “фатен“ во друштво на две фатални Србинки, Маријана Видовиќ и Драгана Драча и тоа во познати ноќни барови во Милано, а папараците го „уловија“ како влегува во хотел и со двете Србинки кои извесно време работат во Милано како модели.
Што на ова ќе каже неговата сопруга останува да се види ако се знае дека таа побара развод, но се предомисли.