
Во првите два денешни дуели од Премиер лигата, тимот на Челзи на домашен терен успеа да слави со минимални 1:0, над Лестер. Единствениот гол на овој меч го постигна Кукуреља во 60. минута.
Со овваа победа Челзи стигна до 49. бода и четврта позиција на табелата, додека Лестер полека но сигурно ги губи шансите за опстанок сезонава.
Од друга страна пак, Тотенхем не успеа да ја искористи предноста на домашен терен во мечот со Борнмут и одигра само 2:2. Таверние за водство на гостите, а истото го удвои Еванилсон. Сар и Сон погодија за домашните и му донесоа бод на Тотенхем.
Тотенхем е тринаесетти на табелата, додека Борнмут е осми.