Ѓоковиќ после елиминацијата се пожали на теренот: Разликата е голема!

126

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека се мачи да одигра на посакуваното ниво, откако беше елиминиран во второто коло на турнирот во Индијан Велс.

“Очигледно работите беа поинакви за мене во последните неколку години. Се мачев да играм на нивото што го сакам. Имам неколку добри турнири одвреме-навреме, но главно тоа е вистински предизвик. За мене тоа е борба”, изјави Ѓоковиќ по натпреварот.

Ѓоковиќ рано утринава загуби од 85-то рангираниот Холанѓанец во светот, Ботик Ван Де Зандшулп со 2:6, 6:3, 1:6. Тоа беше негов прв натпревар на овогодинешниот Индијан Велс.

„Во извесна смисла, претпоставувам дека ништо не може да ве подготви за тој момент. Треба да го доживеете тоа и да се обидете да се снајдете на најдобар можен начин“, додаде Ѓоковиќ, кој го претрпе третиот последователен пораз сезонава.

„Првите три, четири гејма од третиот сет беа прилично блиску. Имав шанси, имаше ужасни грешки. Не знам, кога ќе се навратам на овој меч, гледам дека можев да направам малку повеќе, но тој одигра навистина добри брејк топки на мојот сервис. Не требаше да дозволам тоа да се случи“, додаде тој.

Тој исто така истакна дека подлогата, која е променета во однос на претходните години и на која се жалеше и Карлос Алкараз, значи дека топката повеќе отскокнува отколку што обично се случува на бетон.

„Жалам за моето ниво на тенис со оглед на тоа како тренирам овие денови. Да бидам искрен, разликата помеѓу Централниот терен и другите е преголема. Топката повеќе отскокнува на овој терен отколку на некои земјени терени“, рече Новак.

Ѓоковиќ е рекордер со 40 титули на Мастерсот, пред Шпанецот Рафаел Надал со 36 и Швајцарецот Роџер Федерер со 28 титули. Српскиот тенисер на Мастерсот има остварено 409 победи и 91 пораз, додека Надал има 410 победи и 90 порази.

ПретходноЛазаров денеска прозива за двомечот со Словенија
СледноСензационално: Фановите на Сити бараат да му се даде отказ на Гвардиола!