Винисиус повторно „пожолте“: 30 жолти картони за четири сезони!

107

Еден од најдобрите играчи на Реал (М), Винисиус Жуниор, повторно доби необичен жолт картон. На денешниот меч со Рајо Ваљекано, Бразилецот „пожолте“ затоа што не сакаше да се оддалечи од топката при еден слободен удар за гостите.

Судијата Франциско Ернандез Маесо му покажа жолт картон на Бразилецот во 79. минута и со тоа Вини само оваа сезона има добиено 7 жолти картони.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид во последните четири сезони во Ла Лига доби 30 жолти картони што го прават еден од најнедисциплинираните играчи во шпанскиот шампионат.

ПретходноРаботнички ја освои Битола, го доби дербито со Пелистер
СледноГо „откорна“ од пцуење судијата, па сега го чека суспензија од 12 натпревари!