Со головите на Килијан Мбапе и Винициус уште во првото полувреме, тимот на Реал Мадрид, успеа попладнево на свој терен да го совлада тимот на Рајо Ваљекано и на тој начин да наниже уште еден триумф сезонава.
По само половина час, Реал имаше 2:0 по што работата беше далеку полесна. Диаз до полувреме намали на 2:1, но тоа беше се што се однесува до головите на овој меч. Реал не успеа да реализира повторно, а гостите немаа сила за нешто повеќе.
Реал сега има 57. бодови, исто колку и Барселона која пак има меч помалку.