Феникс не запира, го освои Гостивар за шеста победа во низа!

63

Феникс дојде до уште една победа во Првата лига, шеста во низа. Избраниците на Денис Дервишевиќ овој пат славеа против Гостивар на гости со 75-89 во рамките на 19-то коло. Дестиот триумф оваа сезона ги остави кошаркарите на Феникс во игра за влез во првите осум екипи. На другата страна Гостивар го запиша 12. пораз со кој останува во долниот дел од табелата.

Митревски со 21 поен беше лидер кај победникот, зад него со 18 поени беше Димитриев, додека 17 поени имаше Бертранд. Кај Гостивар, Ѓорѓевиќ запиша 21 поен и 10 скока.

Иако домаќинот отвори со 6-0 и водеше со 16-9, сепак тоа не беше доволно за да се домотивираат гостите. Феник со серија од 7-2 поведе со 18-20. Првата четвртина ја заврши со 23-26. Во следниот период ја имаше контролата на резултатот, со тоа што на одморот замина со двоцифрени 43-54. И тука не застана, водството растеше, најголемото изнесуваше +18 (43-61). Гостивар не најде начин да се врати во овој дуел, а скопскиот состав рутински го приведе мечот во своја корист.

ПретходноЈунајтед и Арсенал со реми во големото дерби (ВИДЕО)
СледноРома минимално на гостувањето кај Емполи