Кошаркарите на Оклахома го добија вечерашното дерби во НБА лигата против екипата на Денвер со 127:103. Гостите се обидуваа континуирано да се одржуваат во мечот, но се чини дека момците од Колорадо немаа решение за неверојатниот Гилџес-Александер.
Шеј Гилџес-Александер постигна 40 поени. Кандидатот за МВП (можеби и најголемиот сезонава) имаше 15/32 од поле со 8 скока и 5 асистенции, а Џејлен Вилијамс постигнае 26, Чет Холмгрен 14 и Ајсаја Хартенштајн 10.
Денвер Нагетс брилијантно го отворија натпреварот, но на крајот останаа без здив. Првата „виолина“ на Нагетс, Никола Јокиќ имаше 24 поени (10/23), 13 скока и 9 асистенции, а Мајкл Портер Џуниор беше одличен со 24 поени, 15 скока и 1 блокада.
Тандер се лидери на Западот со скор 53/11, додека Денвер со овој пораз остана трет со скор 41/23.