Добар меч вечерва на Олд Трафорд одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал. Како што им доликува на двата великани. Мечот имаше доста возбудувања, интензитет, борба, и два гола. По еден во двете мрежи. Конечните 1:1 можеби се реален исход на настаните, но и двата пак тима можеа до трите бода.
Домаќинот поведе со прекрасниот „ала Бекам“, гол на Бруно Фернандеш од слободен удар, кој што потсети на некои поубави времиња на тимот од Олд Трафорд. Јунајтед замина на пауза со предност, а и по неа, не дека Арсенал којзнае како се залета за да израмнува. Сепак, ја имаше таа среќа во 74. минута, преку Деклан Рајс кој прекрасно погоди еден неодбранлив удар за 1:1.
Расмус Хојлунд на спротивната страна на два пати промаши нешто што тешко се промашува, потврдувајќи ја во моментов неговата очајна форма, а на другата страна и Арсенал не остана покус во промашувањата. Доволно за да ова дерби се оцени како сосема логично да заврши без победник.
https://www.goalstube.online/2025/03/manchester-united-arsenal.html#google_vignette