Лука Дончиќ иако ни од далеку не е при крај со кариерата, сепак уште сега важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата во Европа. Прво како многу млад му ја донесе титулата на Реал Мадри во Евролигата, за да потоа во НБА стана една од најголемите ѕвезди.
Неговиот татко, Саша Дончиќ, инаку поранешен кошаркар, јасно е дека е горд на својот син, но сепак смета дека Лука, барем засега, не е ни блиску до еден Дражен Петровиќ, веројатно најдобриот кошаркар во историјата во Европа кој во таа проклета 1993 година загина во сообраќајна несреќа:
“Дражен е сепак Дражен. Тој е легенда. Лука, барем засега, не е ни блиску до него, но е на добар пат. Секако дека не би сакал да ги споредувам, секој во свое време е најдобар“ посочи таткото на Лука Дончиќ.