Енрике за мечот со Ливерпул: Имаме само една опција – да излеземе и да победиме!

180

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике пред утрешниот дуел со Ливерпул во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите, вели дека екипата тренира нормално и сите со нетрпение чекаат да истрчаат на „Енфилд“.

„Во текот на неделата работевме како и обично. Го гледавме натпреварот со Ливерпул следниот ден, а потоа се подготвивме за натпреварот со Рен. Имаме тренинг во вторник, а потоа мечот со Ливерпул. Мојот пристап не е променет, но вистината е дека како што стојат работите сега, ние сме тие ки бркаме резултат. Имаме само една опција – да излеземе на теренот и да се обидеме да победиме. Нема играчи кои не би сакале да играат на „Енфилд“. Ова е легендарен стадион. Ова е огромна мотивација за играчите и за целиот тим. Важно е добро да го направиме она што е од витално значење за нашата игра. Во секој случај, немам проблем да се соочам со предизвици“, изјави тренерот на ПСЖ.

ПретходноНовата патека во Формула 1 ќе се вика – Мадринг!
Следно„Црвените“ посилни против ПСЖ, се враќа Гакпо