Кливленд испиша историја, Јанис и Милвоки немоќни! (ВИДЕО)

70

Кливленд и натаму е во супер форма во НБА. Кавалирс утринава славеа против Милвоки на Јанис Адетокунбо со 112:100 и дојдоа до 14-тиот триумф во низа. Уште поважно е што најдобриот тим сезонава во најсилната лига во светот по овој меч испиша историја. Имено на сите 14 победи тимот на Кливленд забележал најмалку по110 поени. Вакво нешто го има направено Бостон во 1986 кога и ја освои титулата. Дали сега Кливленд ќе дојде до неа, прва после ерата на Леброн Џејмс кога играше во овој тим. Кливленд сезонава има 54 победи и само 10 порази.

Кога сме кај Јанис Адетокунбо тој со своите 29 поени има вкупно 20.077 и влезе во листата на ТОП 50 поентери во историјата.

На останатите мечеви беа постигнати следните резултати:

Њу Орлеанс – Мемфис 104:107

Филаделфија – Јута 126:122

Минесота – Сан Антонио 141:124

Портланд – Детроит 112:119

ЛА Клиперс – Сакраменто 111:110.

ПретходноГолеми главоболки за Зорман: Словенија во Скопје доаѓа со преполовен состав
Следно“Нешто кажав за Барселона, па Меси престана да контактира со мене“!