ПМФЛ: Работнички против Тиквеш со победнички мисли!

108

Денеска од 14 часот на ФФМ во Скопје, Работнички и Тиквеш ќе го затворат 23.коло или прво од третиот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Како што е познато, сите останати средби од ова коло се одиграа вчера.

Секако дека се очекува интересен меч, посебно ако се знае дека Работнички оваа пролет ни од далеку не е тоа што беше есеноска. Тимот на Горан Станиќ на првите четири средби пролетва забележа два порази, од Шкупи и Вардар, еднаш ремизираше со Гостивар и забележа само една победа и тоа со Воска. Интересно, Работнички на тие четири средби, значи за 360 минути успеал да постигне само еден гол, оној на Анес Рушевиќ во победата над Воска.May be an image of 8 people, people playing soccer, people playing football and text

Се ова доволно говори дека Работнички има свои слабости, а тоа е шансата за Тиквеш да дојде до бод(ови) денеска на ФФМ. На тимот на Ѓорѓи Мојсов, секој гол, буквално секој бод значи живот што се вели, во битката за опстанок. Кавадарчани на овој меч ќе се обидат во најмала рака да останат непоразени. Сепак треба да се одигра максимално против домашниот состав.

Кога сме кај традицијата досега овие два тим одиграле 28 меча. Работнички има 18 победи, Тиквеш 7 а само три меча завршиле без победник со гол разлика 46:28 во корист на тимот од Дебар Маало. Интересно, на последните три меѓусебни меча Работнички забележал три победи.

Во пресрет на овој меч Работнички се наоѓа на 4.место на табелата со 41 бод, а Тиквеш е десетти со 18 бодови.

ПретходноКостески: Знаеме која е Словенија! Играме пред полна сала, одиме максимално до крај!
СледноПочина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кикбоксери!