Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кикбоксери!

749

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кикбоксери, член на кикбокс клубот “Гладијатор“ од Скопје.

Кубин во својата успешна кариера имаше освоено бројни медали и одличја, како и сребро на ЕП пред осум години во Грција. Беше прогласен за најдобар спортист на град Скопје во 2016 година.

Причините за неговата смрт засега не се познати.

Ова е шок за спортот во Македонија, посебно за кикбоксот. Неговите пријатели и блиски се простуваат од него со одбрани зборови на социјалните мрежи.

ПретходноПМФЛ: Работнички против Тиквеш со победнички мисли!
СледноУбав гест на Шкендија: Цвеќиња за 8 Март за Пројковска и нејзините помошнички! (ФОТО)