Големи главоболки за Зорман: Словенија во Скопје доаѓа со преполовен состав

445

Противникот на нашите ракометари в среда во квалификациите за ЕП 2026, Словенија, со исклучително ослабен состав ќе дојде на дуелот во Скопје. Според пишувањата на словенечките медиуми, пред важните квалификациски натпревари против Македонија во среда во Скопје и следната недела во Копер, селекторот  Урош Зорман има големи главоболки, откако во последен момент остана и без Зарабец, кој во последно време со помош на аналгетици настапувал за полската екипа Висла.

Организаторот на играта ќе се обиде да ги реши проблемите со грбот следната недела со мала процедура која ќе бара одмор за време на репрезентативната пауза. Словенците се соочија со уште три откажувања. Ник Хенигман имал проблеми со рамото, средбиот бек Миха Кавчич  има повредена дијафрагма, а Тадеј Кљун исто така се уште се опоравува од повредата на грбот. Уште пред да биде објавен списокот на повикани играчи, беше јасно дека поради повреди ќе ги нема Нејц Цехте,  Рок Овничек,  Клемен Ферлин,  Борут Мацковшек и Митја Јанц, додека се очекува заздравување на Домен Новак .

Наместо Зарабец, Зорман го повика Алекс Кавчич, а по новите откажувања уште двајца ракометари, дебитантите Тарик Мливиќ и Тим Розман.

ПретходноТренериште: Го вратија од пензија, па Рома сега не знае за пораз од декември!
СледноКливленд испиша историја, Јанис и Милвоки немоќни! (ВИДЕО)