Дербито на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија ќе се одигра во петок.
Дуелот на скопските и тетовските „црвено-црни“ ќе се одигра ден порано од останатите дуели. Терминот останува 14 часот, а дуелот ќе се одигра на терените на Фудбалската федерација на Македонија.
Во останатите дуели ќе се сретнат:
Брера – Силекс
Беса – Струга
Шкупи – Пелистер
Тиквеш – Гостивар
Воска Спорт – Работнички