Ердон Даци со трансфер во Казахстан и веднаш настапи за Женис!

65

Повремениот македонски репрезентативен напаѓач Ердон Даци (26) направи трансфер во Казахстан и тоа во тимот на Женис, член на елитната лига во таа земја. И не само што беше и официјално претстван од својот нов клуб, Даци веднаш го имаше и своето деби за Женис на мечот против Тобол кој заврши 0:0.

Инаку Даци досега во својата кариера бил член на младинскиот тим на Вардар, Коњаспор, Вестерл. Беверен и Деинзе од каде се пресели во Казахстан.

За нашата најдобра репрезентација настапи на еден меч и на него постигна и еден гол. Претходно беше стандарден репрезентативец на Македонија во младинските селекции.

ПретходноПаника во Ливерпул: Ван Дајк има понуди од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен!
СледноРеал Мадрид во Челзи ја бара замената за Лука Модриќ!