Ивановски во квалификациско финале на ИТФ турнирот во Пореч

28

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба успеа да се пласира во квалификациското финале на ИТФ турнирот во Пореч откако со 2-1 во сетови го победи Србинот Марко Николиќ. Утре во мечот за „влез“ на главниот турнир кој е во склоп на турнирите „Истраска ривијера“ ќе игра против 19-годишниот тенисер од Италија Лука Плосниќ, кој пак без борба стигна до третото квалификациско коло откако хрватскиот тенисер Лука Вуглар го предаде мечот.

Ивановски во днешениот меч со Николиќ го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа следниот сет го доби на исдентичен начин со 6:4. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер беше поуспешен со 10-8 на поени.

Турнирот е од категорија М15 со награден фонд од 15.000 долари и се игра на отворено и земјена подлога.

ПретходноНишто ново, Нејмар е повреден
СледноЈувентус вака не загубил дома од 1967