Кливленд и натаму е во супер форма во НБА. Кавалирс утринава славеа против Милвоки на Јанис Адетокунбо со 112:100 и дојдоа до 14-тиот триумф во низа. Уште поважно е што најдобриот тим сезонава во најсилната лига во светот по овој меч испиша историја. Имено на сите 14 победи тимот на Кливленд забележал најмалку по110 поени. Вакво нешто го има направено Бостон во 1986 кога и ја освои титулата. Дали сега Кливленд ќе дојде до неа, прва после ерата на Леброн Џејмс кога играше во овој тим. Кливленд сезонава има 54 победи и само 10 порази.
JARRETT ALLEN POSTER.
13-0 CAVS RUN.
They seek 14 straight wins! pic.twitter.com/gJ9SWkvGQ0
— NBA (@NBA) March 10, 2025
Кога сме кај Јанис Адетокунбо тој со своите 29 поени има вкупно 20.077 и влезе во листата на ТОП 50 поентери во историјата.
На останатите мечеви беа постигнати следните резултати:
Њу Орлеанс – Мемфис 104:107
Филаделфија – Јута 126:122
Минесота – Сан Антонио 141:124
Портланд – Детроит 112:119
ЛА Клиперс – Сакраменто 111:110.