“Нешто кажав за Барселона, па Меси престана да контактира со мене“!

843

Без разлика каде игра и каде ќе ја заврши кариерата, јасно е дека за Лео Меси неговата Барселона засекогаш ќе биде нешто нај, нај. После цели 23 години минати во тој клуб, и освоени 10 титули во Ла Лига, 4 во ЛШ, 672 постигнати голови и уште многу, многу други признанија, Меси остави траен белег како најдобар играч во историјата на каталонците.

И секако дека не дава во негова близина да се каже било што лошо за Барселона.

Еве на таа тема што кажува Леандро Паредес, неговиот репрезентативен соиграч:

Кога бев член на ПСЖ во февруари 2021 во пресрет на мечот со Барса во ЛШ, им одржав мотивациски говор на моите соиграчи против Барселона. Тоа Лео го слушнал и не сакаше да контактира со мене, едноставно престана. Бев зачуден, му испраќав пораки и ништо. Сфатив што е проблемот и кога по неколку месеци бевме во репрезентацијата, тој онака како што знае, додека се миев заби ме поли со вода, насмеан секако. Тогаш навистина сфатив дека Барса за него е светост и дека во негово присуство не е убаво да говориш нешто лошо за тој клуб“.

ПретходноКливленд испиша историја, Јанис и Милвоки немоќни! (ВИДЕО)
СледноТиаго Мота по тие 0-4: Знаевме дека може нешто вакво да ни се случи!