Новата патека на Формула 1 во Мадрид ќе се вика Мадринг, објавија организаторите.
Трката од шампионатот во Формула 1 ќе се одржи на нова патека во шпанската престолнина почнувајќи од следната година. Патеката беше поставена околу дел од изложбените хали во близина на главниот аеродром во Мадрид, користејќи мешавина од постоечки патишта и наменски изградени делови од патеката.
Организаторите потпишаа 10-годишен договор со Формула 1, до 2035 година. Изборот на името Мадринг потсетува на патеката Ред Бул Ринг во Австрија и познатата патека Хунгароринг во Унгарија.
„Името има за цел да „воспостави концизен и незаборавен идентитет кој директно се однесува на градот домаќин, веднаш е препознатлив ширум светот и не бара превод “, се вели во соопштението.
Шпанското ГП ќе се одржи на патеката во Мадрид, наместо на патеката Каталуња во близина на Барселона, која е домаќин на трката од 1991 година.