Ова е најлошиот напаѓач во Европа: Вредеше 30 милиони евра, а нема дадено гол од 2023 година

355

Играчот на Наполи, Јеспер Линдстром, кој од летото е на позајмица во Евертон стана сопственик на еден уникатен негативен рекорд – 75 последователни натпревари без постигнат гол!

Данскиот напаѓач последен пат постигна гол на 21 јануари 2023 година во победата на „неговиот“ Ајнтрахт (Ф) над Шалке 04 (3:0) и според Трансфермаркт ја заслужи титулата најлош напаѓач во Европа!

На второто место на оваа непопуларна листа е Кведа од Спортинг без гол на 28 меча, потоа Канг Ин Ли од ПСЖ (23), кој заедно со Гарначо од Манчестер Ј. нема постигнато гол на 23 меча.

Линдстром, за потсетување, блесна во Брондби и по 15 гола и 14 асистенции во 62 натпревари, во 2021 година се пресели во Ајнтрахт за седум милиони евра. По само две сезони во Бундеслигата тој се пресели во Наполи за 30 милиони евра, но не успеа да ја оправда својата инвестиција бидејќи во 29 натпревари имаше само една асистенција.

ПретходноЃорческа влезе на главниот турнир во Унгарија
СледноИнтер останува без Зиелински најмалку еден месец