Повреда или нешто друго: Нејмар пред дуелот со Коринтијанс отишол на Карневал

115

Нејмар присуствувал на карневалот во Рио неколку дена пред натпреварот со Коринтијанс кој неговиот тим го загуби со 2:1. Сантос загуби од Коринтијанс во полуфиналето на Паулиста лигата, а Нејмар го мина натпреварот на клупа, објаснувајќи дека „чувствувал непријатност“ поради која не можел да настапи.

Два дена пред наводната повреда, напаѓачот присуствуваше на карневалот во Рио де Жанеиро со сопругата и пријателите. Фудбалерот до доцна во ноќта ги следел настапите на школата за самба, објавија бразилските медиуми.

Претходно„Црвените“ посилни против ПСЖ, се враќа Гакпо
СледноУдинезе остана непоразен и против Лацио