Капитенот на Барселона, германскиот интернационалец Марк Андре тер Штеген објави преку социјалните мрежи дека се разведува. Во кратка, заедничка објава со неговата досегашна сопруга Дани, тие ја објавуваат веста, додавајќи дека најдобро за сите ќе бидат тие да заминат по својот пат поединечно.
Тер Штеген од овој брак има две деца, а со сопругата се заедно од 2012 година. Тој тогаш како млад голман настапуваше за Борусија Менхенгладбах, а таа беше студент по архитектура.
Сега, откако дефинитивно нивниот брак е на крајот, шпанските медиуми нормално шпекулираат околу причините за разводот, а истите велат дека се работи за неверство од страна на сопругата на Тер Штеген која имала афера со нејзиниот личен тренер.
View this post on Instagram