Убав гест на Шкендија: Цвеќиња за 8 Март за Пројковска и нејзините помошнички! (ФОТО)

277

Вчера под Шара, лидерот на табелата го пречека Пелистер во меч од 23.коло во ПМФЛ. Пред мечот убав гест на Шкендија, имено играчите на овој тим по повод 8 Март, им подарија цвеќиња на судијките на мечот Ивана Пројковска, која беше главна, на Вјолца Изеири и Елена Соклевска Илиевска, кои беа помошнички.

May be an image of ‎3 people, people playing football, people playing soccer and ‎text that says '‎SWKENOLA DOM お FIFA REFEREE ERLE 125 4 تهه‎'‎‎

Инаку да кажеме дека ова за Ивана Пројковска беше уште еден прволигашки натпревар во машка конкуренција, ама за првпат таа имаше помош од женски судии. Досега асистенти и мажи.

Кога сме кај оваа средба, со голот на Бесарт Ибраими домашните победија па со тоа и натаму се лидери на табелата.

ПретходноПочина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кикбоксери!
СледноПаника во Ливерпул: Ван Дајк има понуди од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен!