Удинезе остана непоразен и против Лацио

30

Лацио и Удинезе ремизираа 1-1 во последниот натпревар од 28. коло во италијанската Серија А. Гостите дојдоа до шестиот натпревар без пораз во низа, а со освоениот бод во главниот град сега имаат вкупно 40 и се на 10. место на табелата, додека Лацио е на петтото место со 51.

Удинезе дојде до предност во 22. минута кога Лука му асистираше на Тован за предност на гостите од 0:1. Домашните успеаја да израмнат 10 минути подоцна. Искаскен нафрли, а Алесио Ромањоли постигна гол за 1:1.

ПретходноПовреда или нешто друго: Нејмар пред дуелот со Коринтијанс отишол на Карневал
СледноБруно го одржува Њукасл во битката за место во ЛШ