Урбан Лесјак: Во Скопје не чека пекол и луда атмосфера

152

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат квалификациски предизвици наскоро. Селекторот Кирил Лазаров веќе го има својот тим на собир и се подготвува максимално за она што следи. А следува двомеч со Словенија, сериозен ривал, и фаворит во оваа конкуренција.

Противникот во Скопје пристигнува со кадровски проблеми, а згора на тоа го очекува преполна сала Борис Трајковски во Скопје. Тоа словенците и тоа како добро го знаат, а веќе и го најавуваат преку своите медиуми. Еден од оние кои секако е добро запознаен со она што Словенија ја очекува во Скопје е голманот Урбан Лесјак, кој то две години беше чувар на мрежата на Пелистер.

„Знаеме што не чека во Скопје, ќе бидеме сведоци на навистина луда атмосфера. Во таква атмосфера падна и големата Данска, но мислам дека можеме да победиме и да го обезбедиме првото место во квалификациската група“ – изјави искусниот голман за словенечко „Дело“.

ПретходноТајсон само од еден боксер имал страв: “Не сакам да боксувам со тоа животно!“
СледноСупер настап на ЏК Суперџудо на државното првенство за деца