Уште еден пех за „фармацевтите“: Утре против Баерн без Флоријан Вирц

31

Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц заработи повреда и ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, кој ќе се одигра утре. Првата средба заврши со победа на тимот од Минхен од 3:0, па Баер (Л) има само мали шанси за пласманво четвртфиналето.

„Флоријан Вирц ќе мора да помине извесно време надвор од терените. Тој има повреда“, се вели во соопштението на клубот.

21-годишниот Германец оваа сезона на 39 натпревари постигна 15 гола и направи 13 асистенции.

ПретходноИнтер останува без Зиелински најмалку еден месец
СледноДербито Вардар – Шкендија ќе се одигра во петок!