Коди Гакпо, кој ги пропушти последните два натпревари за Ливерпул, се враќа во ростерот на Арне Слот и тоа за мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите. Холандскиот офанзивец веже е „фит“ и утре же може да истрча на реванш осминафиналето.
Ова го потврди и менаџерот на Ливерпул, Арне Слот на прес-конференција пред натпреварот. Конор Бредли, Џо Гомез и Тајлер Мортон се уште нема да му бидат на располагање на холандскиот стратег поради повреди.
Ливерпул го доби првиот натпревар во Париз со 1-0 и се надева на нова победа дома за пласман во четвртфиналето.