Синоќа тимот на Јувентус прописно се посрамоти на свој терен. Во рамките од дербито на ова коло во Серија А, на домашен терен среде Торино загуби од тимот на Аталанта со 0:4.
Во меч кој ќе сака ама апсолутно во моментов да го заборави, бидејќи е бламажа каква што така голем клуб не смее да си дозвооли уште еднаш. Сепак, на прецизните статистичари тоа воопшто не им пречи.
Денеска тие се бават со историјата на клубот, а истата вели дека, Јувентус го претрпе најтешкиот пораз на домашен терен од 1967 година.
Од сезоната 1967-1968, Јуве нема пораз 0:4 на домашен терен. Последен пат тоа се случи пред 58 години, кога на 22 октомври 1967 година „старата дама“ претрпе пораз од 0:4 од градскиот ривал Торино.