Бруно го одржува Њукасл во битката за место во ЛШ

73

Њукасл Јунајтед го победи Вест Хем Јунајтед со 1-0 во последниот натпревар од 29. коло на Премиер лигата и повторно влезе во трката за место во Лигата на шампионите следната сезона. Победата на мечот во Лондон, гостите ја обезбедија со голот на Бруно Гимараеш во 63. минута.

Вест Хем се обиде да нападне, главно преку Кудус, но Њукасл имаше позрели можности уште во првиот дел од мечот. Во вториот дел, Ареола беше беспомошен кога Барнс нафрли во шеснаесетникот, а Бруно Гимараеш беше на вистинското место за 1-0.

Њукасл успеа да ја задржи предноста до крајот, израмнувајќи се со Манчестер Сити на табелата.

ПретходноУдинезе остана непоразен и против Лацио
СледноЏирона извади реми против Еспањол, Миовски доби 70 минути