Тиаго Мота по тие 0-4: Знаевме дека може нешто вакво да ни се случи!

259

Јувентус синоќа во меч од Серија А на свој терен го доживеа еден од најсрамните порази во својата историја. Пораз од 0:4, а можеше да биде уште полошо. Не дека Аталанта е слаб тим, напротив, но оваа бламажа и тоа како силно одекна во фудбалска Италија и ширум светот.

Тиаго Мота и дефинитивно покажува дека не може да се носи со притисокот, сепак Јуве не е Болоња.

По кататсрофалниот пораз стратегот на Јуве истакна:

Знаевме дека може нешто вакво да ни се случи, знаевме дека Аталанта ќе се обиде да ги искористи сите наши грешки. Ние сме млад тим, отидовме во напад со повеќе играчи и остававме празнини во нашата одбрана. Тажни сме, разочарани сме, но сега барем никој нема да збори дека сме кандидати за титулата“ истакна Мота.

За последен пат, Јуве загубил со четири разлика во Серија А во далечната 1967 година и тоа од Торино, исто со 0:4.

Претходно“Нешто кажав за Барселона, па Меси престана да контактира со мене“!
СледноКостески: Знаеме која е Словенија! Играме пред полна сала, одиме максимално до крај!