Успешен прв FIS Lecki Ski Cup 2025 во чест на Иван Лесевски

24
Со неверојатна спортска енергија и возбудливи трки, успешно заврши првиот FIS Lecki Ski Cup 2025 во чест на великанот на македонското скијање Иван Лесевски.
Денес и вчера, на Копаоник се одржа FIS Lecki Ski Cup, престижен натпревар кој ги собра најдобрите млади скијачи од регионот. Во рамките на овој настан се одржаа меѓународни и државни натпревари, каде што младите скијачки надежи имаа можност да ги покажат своите вештини, да стекнат нови искуства и да се натпреваруваат во духот на спортот. Тие се соочија со предизвикувачки патеки, демонстрирајќи брзина, техника и посветеност кон скијањето во идеални временски услови.

ПретходноЛеверкузен драстично ослабен за реваншот со Баерн
СледноТер Штеген се разведува, жена му го изневерила со тренерот