И петти меч по ред екипата на Џирона на нашиот Бојан Миовски не успеа да слави во шпанската Ла Лига. Во последниот меч од тековното коло вечерва во Барселона на каталонската пресметка со Еспањол, Џирона успеа да се спаси од пораз со гол од белата точка непосредбно пред истекот на регуларните 90 минути.
Напшиот Миовски и вечерва беше стартер во нападот на Џирона, но освен неколку полушанси не се најде во зрела ситуација за гол. Миовски остана во игра до 69. минута кога беше и заменет со искусниот Стуани, кој подоцна го постигна израмнувачкиот гол за гостите.
Еспањол поведе во 49. минута со голот на Хофре, а израмнувањето стигна во 86. минута со голот на Стуани од пенал.