Македонската ракометна женска репрезентација од третиот шешир ќе ги чека противниците за пласман ЕП 2026 година. Ждрепката ќе се одржи Клуж (20 март), шампионатот ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.
24 тима ќе се борат за 16-те преостанати места на ЕХФ ЕУРО 2026. Македонија дефинитивно нема да игра против Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово, земји кои се најдоа во третиот шешир.
1: Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора, Шпанија
2: Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија, Исланд
3: Македонија, Украина, Португалија, Италија, Грција, Косово
4: Фарски Острови, Финска, Израел, Босна Херцеговина, Литванија, Белгија
Првите мечеви ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025 година, вториот период за овие квалификации е предвиден да се одигра од 4 до 8 март 2026 година и третиот од 8 до 12 април 2026 година.
Двете првопласирани екипи во секоја од шесте групи ќе се квалификуваат за ЕХФ ЕУРО 2026 година, како и четирите најдобри третопласирани екипи.