Навивачите на Манчестер Ј. со порака до газдата: Со новиот стадион ќе ги избркате локалните навивачи!

1018

Навивачите на Манчестер Јунајтед изразија сомнеж за изградбата на новиот стадион. Откако клубот најави нов стадион вреден 2 милијарди фунти со капацитет за 100.000 гледачи, здружението на навивачите на Манчестер Јунајтед излезе со соопштение за оваа тема.

„Иако инвестицијата е многу потребна и добредојдена, навивачите остануваат загрижени за тоа што значи и какво ќе биде влијанието. Ќе се зголемат ли цените на билетите и ќе ги избркаат ли газдите локалните навивачи? Атмосферата, која секогаш е главен приоритет за навивачите на стадионот ќе ја нема. Дали ова ќе доведе до намалување на инвестициите во тимот во време кога тоа е најпотребно?“, се прашуваат навивачите.

ПретходноХанси Флик одлучи: “Вие двајца останувате, а ти можеш да си одиш!“
СледноНајдобриот фудбалер на Кремонезе суспендиран на 10 средби поради расизам