Пешевски пред Словенија: Пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, туку и да ги изненадиме!

235

Македонската ракометна репрезентација утре на домашен терен (СЦ „Борис Трајковски, 20 часот) го игра првиот дуел против Словенија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Противникот е добар познат, иако во Скопје ќе допатува со променет состав и се соочува со бројни повредени играчи, сепак е фаворит против „црвено-жолтите“.

Но, полните трибини им даваат надеж на нашите репрезентативци за позитивен резултат, Македонија со поддршка од фановите знае да биде незгоден противник, тоа се покажало многу пати низ историјата.

„Имаме голем респект кон Словенија, тоа е сериозна репрезентација која не пропушта големи првенства, редовен учесник и на Олимписки игри, имаа добар олимписки циклус. Тоа е тим со квалитетни играчи и според мене е во Топ 10 репрезентациите. Ќе биде двомеч во кој ќе ни се пружи убава шанса да се надигруваме со нив. Првиот меч, пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, зошто да не се надеваме и на позитивен резултат“, вели репрезентативниот пикер Жарко Пешевски.

Македонија по првите две кола во квалификаициите за пласман на ЕП 2026 година, има победа против Естонија дома и пораз од Литванија на гости.

ПретходноВо Реал Мадрид се загрижени за Мбапе и Винисиус
СледноФК Вардар ги исплати долговите за сезоната 2023/24 и за 2018, 2019 и 2020 година!