Ракометарите на прием во Владата, за пласманот на СП ќе добијат зголемена премија од 3 милиони денари (ФОТО)

190

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска.

Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и преставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

“Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.“

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на Ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината.” истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.May be an image of 5 people and textMay be an image of 3 people and textMay be an image of 4 people and text that says "拉 一 商 HMI 昭 RISTOVSKI"May be an image of 4 people and text

May be an image of 3 people

ПретходноПо завршување на сезоната Миркуловски си оди од Вецлар!
СледноБлаготиншек не го плашат полните трибини во Скопје: Ние живееме за вакви натпевари!