Салах повторно и бил понуден на Барселона

388

Мохамед Салах повторно и е понуден на Барселона, пренесува каталонското издание „Спорт“. Според изворот, претставниците на Египќанецот веќе разговарале со луѓе од шпанската управа со идејата за негов можен слободен трансфер на лето, кога му истекува договорот со Ливерпул. Играчот беше поврзуван со Барса во претходните години.

Се чини дека нема да остане на Енфилд и покрај тоа што имаше феноменална сезона во која го предводеше тимот до титулата. Досега на сите турнири има 32 гола и 22 асистенции.

Доколку станува збор за преселба на „Камп Ноу“, напаѓачот најверојатно ќе мора да се задоволи со значително помала плата од онаа што му ја даваат „црвените“.

Очекувањата се Салах, кој во јуни ќе наполни 33 години, кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

ПретходноДончиќ по поразот: Мислам дека видовте се, ова не е фер!
СледноЛШ 1/8 финале – реванши: „Енфилд“ е подготвен за спектакл, Ливерпул против ПСЖ за фудбалско уживање!