Убаво признание за капитенот на Пелистер, Филип Кузмановски. Имено според ЕХФ, “бомбата“ на мечот против Динамо Букурешт, е избран за најубавите десет голови во групната фаза во Лигата на Шампионите, односно гол на Кузмановски се најде на осмото место на ова рангирање на ЕХФ.
Ова беше ремек – дело на еден од нашите најдобри ракометари кој и тоа како игра во одлична форма во последно време, се разбира и за репрезентацијата на Македонија.