Ивица Костелиќ се најде на насловните страници во хрватските медиуми поради големата драма која се одвиваше во Црна Гора.
Две лица исчезнале во морето кај вливот на реката Ада Бојана. Во потрагата по исчезнатите учествувал дури и хеликоптер од војската на Црна Гора.
На крајот, две лица биле спасени од еден од патролните чамци за брза интервенција на Воената морнарица на војската на Црна Гора, пишува црногорски Вијести.
Неофицијалните информации говорат дека се работи за познатиот хрватски скијач Ивица Костелиќ и Французин. Нивните кајаци биле превртени од силни ветрови и бранови високи над три метри.
Но, на крајот тие беа пронајдени и спасени благодарение на големите напори на спасувачите на црногорскиот поморски систем за пребарување и спасување.
Според црногорски „Вијести“, двајцата се во добра состојба, но превентивно се предадени на екипа на Брза помош во пристаништето Бар.