Дурант се налути на новинарско прашање за Јокиќ: Нема да ти дозволам да го кажеш тоа!

369
Фото: Феникс Санс/Твитер

Српскиот центар на Денвер Нагетс Никола Јокиќ има сезона во кариерата. Тој го одржува тимот на второто место на Западот, а има нереални бројки од 28,8 поени (високо во кариерата), 12,9 скока, 10,5 асистенции (високо во кариерата), 1,8 украдени топки (високо во кариерата) и 0,7 блокади и е еден од главните фаворити за уште една награда за МВП.

Ова ќе биде негова четврта награда за МВП во кариерата, а негов главен конкурент за тоа е шпицот на Оклахома, Шаи Гилџеус-Александер, кој многумина дури го сметаат за фаворит во обложувалниците. Новинарите го прашаа Кевин Дурент што мисли за тоа што Јокиќ е аутсајдер во таа трка, но легендарниот крилен напаѓач на Феникс Санс малку се налути на прашањето.

„Нема да ти дозволам да го кажеш тоа. Јокиќ не може да биде аутсајдер, во ниту една ситуација, никогаш. Тоа с**ње заврши во моментот кога тој ја освои својата прва награда за МВП“, рече Дурент. 

ПретходноУ-17: Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Шкотска
СледноУ-21: Ова е списокот на Станиќ за контролите со Белорусија и Азербејџан во Анталија!