ЛШ 1/8 финале – реванши: „Енфилд“ е подготвен за спектакл, Ливерпул против ПСЖ за фудбалско уживање!

88

Денеска се играат првите четвртфинални реванши во Лигата на Шампионите. Секако дека во преден план ќе бидат настаните на „Енфилд“ каде Ливерпул со почетна предност од 1:0 ќе го дочека ПСЖ. Секој ќе рече незаслужена, ако се знае што се се случуваше во Париз минатата недела, но фудбалот се игра за голови а не за посед и шанси. „Светците“ и тоа како немаат намера да се предадат, а и “Редси“ сигурно е дека пред своите фанови нема да играат само да го чуваат голот. Тука може да има и голеада, а во секој случај тоа ќе биде спектакл.

Познато е дека победникот од овој двомеч во 1/4 финалето ќе игра најеројатно со Астон Вила.

Во терминот од 18:45 часот, Барселона ја дочекува Бенфика. И каталонците овој меч ќе го почнат со предност од 1:0. Објективно и реално Барса не смее да си дозволи било каков кикс на “Монжуик“.

Интер со една нога е веќе во следната фаза. Има 2:0 од првиот меч кај Феенорд и само чудо може да случи за да составот на Симоне Инзаги вечерва на “Меаца“ не ја искористат ова шанса за ставање печат на пласманот во 1/4 финалето.

Реваншот од геранското дерби сега се игра во Леверкузен, но Баерн Минхен допатува со 3:0 предност. Ако се знае дека Флоријан Вирц нема да игра за “фармацевтите“, тогаш јасно е дека “баварците“ се пред пласман во следната фаза. Image

ПретходноСалах повторно и бил понуден на Барселона
Следно“Бомбата“ на Кузмановски во ТОП 10 голови во групната фаза во ЛШ! (ВИДЕО)